Истражување на голем број електронски комуникации следени од американската Агенција за национална безбедност (НСА), покажува дека бројот на обични корисници на интернет и граѓани на САД, е многу поголем од бројот на странците кои се следени, објави Вашингтон пост.
Дури девет од десет корисници, присутни во документите објавени од Едвард Сноуден, се луѓе што не биле цел на намерно следење, а се нашле во мрежата на НСА, открива весникот . Околку половина од фајловите во имиња, адреси и други детали се означени од НСА како податоци на граѓани на САД или лица со постојан престој во САД, наведува весникот.
Аналитичарите голем дел од фајловите ги оценуваат како безвредни, бидејќи содржат податоци како лични изјави на љубов, вонбрачни врски, политички и религиозни убедувања и финансиски проблеми, наведува весникот.
„Вашингтон пост“ наведува дека истражувањето е спроведено над 160 илјади и-меил и СМС пораки и 7.900 документи, собрани од над 11 илјади онлајни профили, во периодот 2009-2012 година.
Извор:Reuters/ Вашингтон пост