Француската полиција го истражува „варварското“ убивање и осакатување на најмалку 15 коњи ширум земјата, а се сомнева дека причината за ваквата бруталност е интернет предизвик.
Последниот инцидент вклучува и ждребе кое веќе починало од природна смрт во Роан, близу до Лион.
Трупот бил оставен во поле за да биде собран од службите, но неговиот сопственик забележал дека увото, окото и носот на ждребето биле отстранети.
Локалната полиција истакнала дека случајот го поврзува со преостанати 15 мистериозни случаи на тортура и осакатување на коњи кои се случувале низ Франција во изминативе недели.
Во претходен инцидент кој се случил минатата недела, усмртен бил коњ кој претходно мета на оружје за електрошок, за потоа да му биде отстрането едното око и коска. Животното подоцна подлегнало на повредите.
Полицијата објавила потрага по сторителите на социјалните мрежи, додавајќи дека сите центри за нега на коњи се известени.
Во дел од случаите имало повредено и усмртено магариња, а во трет пример за убиство на коњ, на животното при тортурата му биле отстранети десното око, едното уво и половите органи.
Портпаролот на париската полиција нагласил дека слични случаи на убивање и тортура врз животни се случиле помеѓу 2014 и 2016 година во Белгија и Германија.
Но бројот на убиства на животни во Франција од почетокот на 2020 е многу висок за толку краток период.
„Не го разбираме мотивот. Не знаеме дали станува збор за сатанистички ритуал, осигурителна измама, трка за морбидни трофеи или пак интернет предизвик. Сето ова е трауматично искуство“, додал портпаролот.
Извор: Independent