Министерството за здравство информира дека веб-страницата „Vakcinacija.mk“ на која граѓаните може да искажат заинтересираност за вакцинација против КОВИД-19 е достапна и на албански јазик на следниот линк: https://vakcinacija.mk/alb/.
На оваа веб-страница 46.023 лица ја пополниле формата за аплицирање. На овој начин, тие се регистрираат во електронскиот систем „Мој Термин“, а матичниот лекар може да го види податокот за секој пациент.
Преку оваа апликација, граѓаните искажуваат само интерес, но не и закажување за термин за вакцинација. „Мој Термин“ го утврдува датумот и часот за вакцинирање согласно фазите кои се содржат во Националниот план за имунизација на населението во земјава.
Вчера, конечно пристигна првата пратка 4680 од вкупно 8000 фајзерови вакцини против КОВИД-19, како донација од Република Србија. Со овие вакцини ќе се вакцинираат здравствените работници во модуларната клиника во Клиничкиот центар во Скопје.