Уште 46 лица починаа од ковид 19, регистрирани 504 нови случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа од Ковид 19 починаа 46 лица од кои деветнаесет пациенти се од Скопје, пет пациенти од Тетово, тројца од Велес, Струмица и Охрид,  двајца од Кочани, Струга и Кичево, и по еден од Дебар, Штип, Прилеп, Кавадарци, Гостивар, Демир Хисар, Македонски Брод. Од нив седум пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Направени се 1470 тестирања, а регистрирани се 504 нови случаи на ковид-19. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 731 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 69954, бројката на оздравени пациенти е 46352, на починати е 2023, а бројот на активни случаи изнесува 21579. Од нив најмногу во Скопје, 10886, Тетово 1024, Прилеп 961, Гостивар 916.

Направените 1470 теста се преку: ИЈЗ-571, ЦЈЗ Скопје-16, Авицена-206, Биотек-119, МАНУ -203, Жан Митрев (Филип Втори)-90, Систина со PCR метода -173, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-10, ГАК-30, Синлаб-0, Ремедика-19, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -32, УК Пулмологија со алергологија –1, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 354.205 тестирања на Ковид -19.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 890 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 73 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 59 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 45 пациенти, во Велес се лекуваат 69 болни, а во Куманово 117 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 115 пациенти, во Прилеп 119, во ковид центарот во Гостивар 64, а во Струга 37 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 80 пациент, во Кочани 18, во Кичево 20, Кавадарци 51, во Гевгелија 16 лица, а во Дебар 7 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1376 и има околу 160 празни болнички кревети во ковид центрите.