Уругвај- првата земја што легализираше рекреативна употреба на марихуана, ќе почне со нејзин извоз

Уругвај, првата земја во светот што ја легализираше рекреативната употреба на канабис, ќе стабне прва јужноамериканска држава што извезува марихуана во медицински цели.

Првата берба од пластениците сместени на стотина километри оддалеченост од Монтевидео, веќе е подготвена за извоз, пишуваат светските медиуми.

Со овој чекор земјата станува дел од извозниците на медицинска марихуана, каде најголем удел имаат Велика Британија, Холандија и Австрија. Според американското истражување од 2017 година вредноста на глобалниот пазар на медицинска марихуана во 2025 година би можела да се искачи дури до 55,8 милијарди долари.

Медицинската марихуана е легална во околу 30 држави во светот. Се проценува дека глобалниот пазар на за овој производ во 2025 година ќе достигне 56 милијарди долари.

Првите испораки од Уругвај ќе идат во Германија.