Управен суд: Уважена тужба на СДСМ, во Теарце ќе се прегласува

Управниот суд ја уважи тужбата на СДСМ и донесе пресуда гласањето на избирачкото место 2011 да се поништи, односно на 25 декември на тоа место ќе се прегласува.

„Тужбата на овластениот претставник на листа на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија на Коалицијата предводена од Социјалдемократски сојуз на Македонија-СДСМ, – Стевица Јосифовски, СЕ УВАЖУВА.  Решението на Државната изборна комисија УП1.бр.10-488 од 18.12.2016 година, СЕ ПРЕИНАЧУВА И СЕ ОДЛУЧУВА: Приговорот УП1.бр.10-488 од 13.12.2016 година, на овластениот претставник на листа на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија на Коалицијата предводена од Социјалдемократски сојуз на Македонија, СЕ УВАЖУВА. Гласањето на гласачкото место  бр.2011 во Општина Теарце за Изборна единица број 6, СЕ ПОНИШТУВА“, стои во одлуката на Управниот суд, од каде објавија и долго образложение за пресудата.

Според првичните резултати на ДИК, на 11 декември во целата Изборна единица 6 за ВМРО-ДПМНЕ гласале 26.135 гласачи, а за СДСМ 25.828. Разликата е 307.

Во Теарце вкупно гласале 10.645 гласачи. Од нив за ВМРО-ДПМНЕ гласале 1.089, за СДСМ 1.040, додека најмногу гласови има ДУИ – 3.015, Беса 2.639, а ДПА 1.726 гласови.

На избирачкото место 2011, од вкупно 404 гласачи, за ВМРО-ДПМНЕ гласале 91 гласач, за СДСМ – 87, БЕСА – 65, ДПА – 64, а за ДУИ има 53 гласови. Излезноста била 56,58%.

dik-rezultati-za-tearce-im-2011

dik-rezultati-za-tearce-im-2011