Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, заедно со бизнис секторот ќе додели 105 стипендии, во форма на ослободување од плаќање партиципација, на најдобрите кандидати кои ќе конкурираат на годинашниот конкурс за упис на нови студенти.
„Би сакал да ги информирам нашите идни студенти кои сакаат да аплицираат за запишување на УГД дека на сите единици на Универзитетот се обезбедени стипендии за прва година за најдобрите средношколци кои ќе бидат најдобро рангирани на ранг листите при запишувањето. Стипендиите се доделуваат од фондот за иновации и фондот за соработка со бизнисот и станува збор за средства кои ги обезбедуваат компаниите во Република Македонија“, изјави ректорот на УГД , Блажо Боев.
Стипендиите се распоредени зависно од големината на факултетот. Според одлуката на Универзитетот бројката на стипендии е следна по факултети:
• Факултет за медицински науки – партиципација за најдобрите 13 рангирани кандидати на конкурсот за упис на студенти;
• Земјоделски факултет – партиципација за најдобрите 10 рангирани кандидати на конкурсот за упис на студенти;
• Факултет за природни и технички науки – партиципација за најдобрите 5 рангирани кандидати на студиската програма геологија и за најдобрите 5 рангирани кандидати на студиската програма рударство на конкурсот за упис на студенти;
• Економски факултет – партиципација за најдобрите 8 рангирани кандидати на конкурсот за упис на студенти;
• Правен факултет – партиципација за најдобрите 8 рангирани кандидати на конкурсот за упис на студенти;
• Факултет за туризам и бизнис логистика – партиципација за најдобрите 10 рангирани кандидати на конкурсот за упис на студенти;
• Филолошки факултет – партиципација за најдобрите 8 рангирани кандидати на конкурсот за упис на студенти;
• Електротехнички факултет – партиципација за најдобрите 5 рангирани кандидати на конкурсот за упис на студенти;
• Машински факултет– партиципација за најдобрите 5 рангирани кандидати на конкурсот за упис на студенти;
• Технолошко-технички факултет – партиципација за најдобрите 5 рангирани кандидати на конкурсот за упис на студенти;
• Факултет за информатика – партиципација за најдобрите 10 рангирани кандидати на конкурсот за упис на студенти;
• Факултет за образовни науки – партиципација за најдобрите 5 рангирани кандидати на конкурсот за упис на студенти;
• Ликовна академија – партиципација за најдобрите 3 рангирани кандидати на конкурсот за упис на студенти;
• Музичка академија – партиципација за најдобрите 5 рангирани кандидати на конкурсот за упис на студенти
Ослободувањето од партиципацијата ќе се доделува по автоматизам за најдобро рангираните студенти и тие нема потреба да аплицираат за тоа.