Во пресрет на предвремените избори, Унијата на средношколци на Северна. Македонија ги повика партиитe да најдат вистински и реални решенија за подобрување на состојбата во образованието, условите во училиштата и меѓусебно почитување меѓу професорите и учениците.
„Северна Македонија бележи постојан пад во светската ранг листа во однос на образованието. Главен виновник за ова е Министерството за образование и наука бидејќи не успеа да претстави ниту да спроведе корисни политики за подобрување на квалитетот на образованието. Затоа, нашата Унија очекува и бара од идната Влада на Република Северна Македонија да посвети соодветно внимание на развојот на образованието, подобрувањето на условите во училиштата и иновативните пристапи во развојот на иднината на нашата земја“, стои во реакцијата на Унијата на средношколци.
Предвремените парламентарни избори се закажани за 12 април.