Underworld креира единствена музика за возење во автомобил

Зошто да составувате плеј-листи за возење во автомобил, кога би можеле да имате единствено музичко искуство благодарение на Underworld, а креирано од вашето возење, пишува creativebloq.com.

Underworld креира единствена музика за возење во автомобилЗа таа цел се здружија Underworld и Фолксваген за да создадаат нова музика и да се обидат да го редефинираат значењето на слушањето музика во автомобил.

Заедно со Tribal Worldwide London, тие направија ајфон апликација што работи со Golf GTI  и која произведуваат уникатен звук на кој директно влијае движењето на автомобилот . Karl Hyde и Rick Smith од Underworld  создадоа динамична композиција што може да бидат променета од страна на моторот , воланот и забрзувањето, но и од GPS податоците во телефонот. Крајниот резултат се различни перформанси во секое време, и оној што ветува, музиката секогаш е во склад со движењето.

Најголе предизвик беше да се осигура дека на крајот резултатите ќе бидат нешто што возачот би сакал да го слуша.

„Мислам дека сите ние чувствуваме, уште од самиот почеток дека ако ова е само експеримент кој ќе произведува експериментални резултати, и тоа беше тоа“, вели Smith.

„Ова беше потребно за да се разбудат емоциите, како што тоа го прави музиката,” додава тој.

Play the Road е резултат на повеќе месеци на соработка меѓу звучни дизајнери , програмери, возачи и Underworld, но не апликацијата сеуште не е на располагање поради „досадни“  безбедносни причини.