Уметност од пластични кеси

Уметникот Хуго Меклауд, познат по користење на необични материјали при творење како што се алуминиумски лимови, катран хартија или старо железо, го помина својот карантин во Мексико, собирајќи ситни парчиња отпад од пластични кеси. Резултатот е изложба од 31 слика која неодамна беше отворена во галеријата Шон Кели во Њујорк, пренесува Инхабитат.

Уметничкото дело е негова изјава против влијанието на пластиката за една употреба врз животната средина, но исто така зборува и за тешкотиите на луѓето. Неговите дела ги отсликуваат животите и раскажуваат приказни за луѓето кои се потенцијално погодени од патувањето на една единствена пластична кеса.

Инспирација за овој уметнички проект било неговото патување во Индија каде се запознал со работата на собирачите на отпад.

Во уметничкиот процес ја исфрлил употребата од лепила или бои, туку користел тенки парчиња од кесите кои ги составувал користејќи пегла.