Триесет уметнички дела денеска беа предадени како подарок за Клиниката за гастроентерохепатологија од неколкумина уметници. Во амфитеатарот на Интерните клиники денеска се одржа свеченост на која беа примопредадени делата, а на авторите им беа доделени благодарници.
Реномираните, како и младите уметници со својата хуманост и креативност придонеле за разубавување на болничкиот простор и создавање попријатен и поинспиративен амбиент за пациентите и медицинскиот персонал.
Свои уметнички дела донираа Данчо Ордев, Гоце Божурски, Игор Мишев, Томе Мишев, Дејан Иванов Маргуш, Стефан Хаџи-Николов, Боро Арсовски, Марјан Стојаноски, м-р Емилија Тоциновска, д-р Стојче Тоциновски, Горан Боев, Павле Кузманоски, Невзат Кица, Решат Амети, Владимир Темков, Бурхан Ахмети, Здружението за уметност и култура „СИЛИНДАРТ“ од Гостивар, Акиме Насуфи Реџепи, Дренуша Пашоли, Ванеса Ода, Лида Шарафатманд, Владимир Лазоски, Тасим Кадрија, Ардиан Кадрија, Имран Зимери, Џоко Антониев и Дејан Божиновски Коска.
Организаторот на настанот, Сабри Азири, изрази благодарност до сите учесници и поддржувачи, потенцирајќи дека ваквите иницијативи се од посебно значење за унапредување на хуманоста и заедништвото во општеството.
Извор: Meta.mk



