Уличен фотограф ги наоѓа луѓето кои ги сликал пред 40 години за повторно да ја направи истата фотографија

Крис Порш е уличен фотограф кој во 1970-тите, 80-тите и 90-тите поминувал часови шетајќи низ градот Петерборо во Кембриџшир, Велика Британија. Сега, речиси 40 години подоцна, Порш нашол голем дел од истите луѓе од неговите фотографии за да ги создаде одново истите слики, иницирајќи 135 повторни средби меѓу луѓе кои веќе не контактираат.

Често правејќи ги новите слики на старите локации, Порш ги фотографирал сите, од полицајци до панкери, и љубовници до роднини. Ги собрал сите фотографии во книгата именувана „Reuions“, заедно со текст од писателот Џо Рајли преку кои се раскажува приказната на фотографиите.