Сопственици на ресторани и пабови во Прага во неделата поставија кригли со пиво со свеќи запалени во стаклениот сад, во должина од еден километар, како знак на протест против рестрикциите кои владата ги воведе за спречување на ширењето на коронавирусот, пренесува „Н1“.
Долгата низа на пивските чаши беше поставена на тротоарот помеѓу историскиот центар на чешката престолнина и седиштето на Владата.
„Тука сме затоа што сме навистина очајни и на работ, физички и психички“, изјави за „АФП“, Јиржи Јанечек, организаторот на настанот.
Сопственик на пивница која се наоѓа јужно од Прага, Мали Јанек ја осуди владината одлука за затворање на рестораните, донесена три пати од март минатата година.
„Владата започна многу поубиствена пандемија, пандемија на сиромаштија, невработеност и колапс на фирмите“, рече тој, критикувајќи ги ниските владини недостатоци.
Чешката влада, соочена со нов скок на бројот на заразени, ги затвори рестораните, пабовите и баровите непосредно пред Божиќ, а им беше дозволено да продаваат само храна за носење.
Рестораните во Чешка беа затворени за време на првиот бран на епидемијата во пролетта, а потоа и во поголемиот дел од есента.
Со 10.7 милиони жители, во Чешка од март досега се забележани 740.000 потврдени случаи на Ковид-19, а речиси 12.000 луѓе починале.