Уганда ги блокираше социјалните медиуми пред инаугурацијата на претседателот

Владата на Уганда го блокираше пристапот до Фејсбук, Твитер и WhatsApp во средата и четвртокот, за втор пат во изминатите три месеци. Медиумите беа блокирани поради инаугурацијата на претседателот Јовери Мусевени, кој служи петти мандат по ред.

Мусевени, кој прв пат станал претседател во 1986 година, повторно беше избран во февруари со околу 60 посто од гласовите, многу повеќе од 35-те проценти кои ги освоил кандидатот зад него.

Но, многумина веруваат дека изборите се наместени од самиот почеток, пишува Mashable.

Во областите во кои има силни опозициски движења, граѓаните не можеле да гласаат се до последните часови од гласањето, бидејќи изборните материјали наводно биле изгубени утрината.

Тензиите се зголемиле откако стигнале резултатите од гласањето, а повторно избраниот претседател бил задржан за негова заштита. Истовремено, владата го забранила пристапот до социјалните медиуми.

Блокадата траела неколку часа во четвртокот.

Рестрикцијата на социјалните медиуми се чини дека стана шаблон на владата на Уганда, со што се ограничува можноста на државата да дискутира и да ги критикува изборите.

На почетокот на месецов, владата им забрани на медиумите да пишуваат за протести за изборите.

Новинари во земјата беа и напаѓани бидејќи известувале за протестите, според Комитетот за заштита на новинари.