Учениците се враќаат на училиште

Околу 280 илјади основци и средношколци од денеска се враќаат во училишните клупи по тринеделниот зимски распут.

Учениците утре се враќаат на училиште

Второто полугодие ќе почне со екстерно тестирање на средношколците во завршна (трета или четврта) година, кои тестовите по двата предмета ќе ги полагаат на 22-ри и на 24 јануари.

Тестирањето ќе биде според нов пристап, кој според најавите на Министерството за образование и наука треба да им го олесни испитот на учениците, затоа што е креиран систем во кој се внесени прашањата по сите наставни предмети.

За останатите ученици – од трето одделение до трета година средно – екстерното тестирање ќе биде на крајот на учебната година.