Мартин Петровски од основното училиште „Љубен Лапе“ е победник во кампањата „Среќна и безбедна 2018 година“ против употреба на пиротехнички средства, кој изработи творба во форма на флаер со пораки.
Мартин ќе добие Признание за најдобар графит во кампањата, а тој и неговите соученици заедно со еден родител ќе добијат по еден бесплатен билет за претстојниот натпревар на МЗТ во АБА лигата.
Општина Аеродром соопшти дека во изминатите десет дена на општинската Фејсбук страница беа објавени 63 изработки со надеж дека оваа кампања ќе придонесе за намалување на употребата на пиротехнички средства во пресрет на новогодишните празници и со тоа ќе се избегнат несаканите последици и ќе се зголеми безбедноста.