Убиен филипински новинар откако ги критикувал властите за лошо справување со производството на дрога

Новинар од филипинска провинција бил застрелан, откако напишал колумна во која обвинува дека властите не се справиле добро со неодамна откриена лабораторија за метамфетамин. Ова е првото убиство на новинар откако започна филипинската „војна против дрогата“.

Националната унија на новинари на Филипините го осуди убиството на Лари Ке, предизвикувајќи го и претседателот Родриго Дутерте да ги најде виновниците и да формира посебна единица за да ги заштити медиумите.

Филипините се една од земјите со најслободни медиуми во Азија, но е и една од најопасните зановинарите.

Неколкумина беа убиени во минатите три децении, а радио водителите кои ги покриваат провинцијалните политики се најчести жртви. Истрагите за убиствата често остануваат недовршени.

Од  Унијата велат дека Ке ја водел страницата Catanduanes News Now, отворена само две недели пред да биде застрелан во главата пред неговото работно место. Бил сопственик и на фирма за осигурување, и накратко бил и кандидат на локални избори.

Неговата колумна велела дека локалните власти не делувале како што треба кога била поставена лабораторија за правење на „шабу“, метамфетамин кој Дутерте се заколна дека „ќе го снема, заедно со сите кои го продаваат“.