Американскиот студент Ото Вормбир, кој призна дека украл пропаганден плакат од хотел во Северна Кореја, е осуден на 15 години принудна работа поради сторен „криминал против државата“.
21-годишниот студент се појави на државната телевизија и јавно призна дека го направил тоа, изјавувајќи дека му било побарано да го донесе плакатот како „трофеј“ од неговото патување.
Северна Кореја понекогаш задржува странци како средство да врши притисок врз нејзините противници. Сепак, казната од 15 години е висока во споредба со оние дадени на странци во минатото, пишува BBC.
Студентот од Универзитетот во Вирџинија беше уапсен на 2 јануари, додека се обидувал да ја напушти земјата. Тој беше обвинет за „непријателско дело“.