Северна Кореја денеска соопшти дека уапсила американски студент кој сторил „непријателско дело“ против оваа земја.
Државната агенција КЦНА јави дека студентот влегол во Северна Кореја како турист. Како што се наведува во соопштението, студентот бил фатен додека правел непријателско дело против државата, а со него управувала американската Влада, пренесува Би Би Си.
Од Агенцијата не дадоа повеќе информации, но соопштија дека студентот е под истрага. Американската амбасада во главниот град на Јужна Кореја, Сеул изјавиле дека се запознаени со апсењето.
Студентот бил приведен за време на туристичка тура во Пјонгјанг на 2 јануари. За случајот била повикана и Шведската амбасада, бидејќи ги претставува интересите на Америка, со оглед на тоа дека Пјонгјанг и Вашингтон немаат дипломатски односи со Северна Кореја.
Уапсениот е студент на додипломски студии по трговија на Универзитетот во Вирџинија.
Минатата година, Северна Кореја ослободи три Американци кои ги држеше во притвор, а ова е трет западњак што е задржан во земјата.