Турската влада отпушти уште 4400 јавни службеници, меѓу кои стотици академици. Ова е последната „рунда“ на отпуштања после обидот за државен удар во јули 2016 година.
Отпуштањата, кои опфатиле вработени во министерствата за образование, внатрешни работи, одбрана, економија и надворешни работи, се случиле само неколку часа после првиот телефонски разговор меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп и Реџеп Таип Ердоган.
После неколку години заладување на билатералните врски меѓу САД и Турција, откако Барак Обама одби присилно да го симне од власт сирискиот претседател Башар ал-Асад, како и поддршката на САД за курдските паравоени формации, Анкара се надева повторно да ја изгради врската со Вашингтон.
Од канцеларијата на Ердоган велат дека сакаат Трамп да има успешен мандат, како и дека двајцата лидери „ја делат обврзаноста во битката против тероризмот во сите форми“. Трамп го пофали придонесот на Турција во битката против Исламската држава во Сирија.