Турција легализираше производство на канабис во 19 области со цел да го намали нелегалното производство, според новите регулативи на Министерството за храна, земјоделство и сточарство.
Според она што е објавено во Службен весник во септември, министерството дозволува целосно контролирано производство на канабис во одредени области за медицински и научни цели.
Според регулативите, одгледувачите мора да имаат дозвола од владата со која ќе може да го одгледуваат растението во период од три години, пренесе турскиот весник Хуријет.
Потенцијалните одгледувачи мора да гарантираат за да докажат дека не биле вклучени во нелегално производство на канабис или на наркотици, или дека не биле корисници во минатото.
Претставници на Министерството секој месец ќе ги посетуваат полињата насадени со канабис пред почетокот на бербата и ќе ги набљудуваат за какви било знаци на нелегални активности.
Меѓу областите во кои ќе се дозволува одгледување на канабис се Амасиа, Анталиа, Бартин, Измир, Ризе.
Како исклучок, во законот се наведува дека Министерството може да дозволи одгледување на канабисот и во друга област, покрај наведените, ако тоа е само за научни цели.
Рекреативното користење на канабисот е забрането во Турција. За поседување, купување или примање на нелегална дрога, вклучително канабисот, може да се добие казна затвор до две години.
Продажбата и снабдувањет , пак, се казнува со десет години затвор, а нелиценцираното производство повеќе од десет години.