Тур де Франс ја враќа женската трка по пауза од 33 години

Женската трка во склоп на Тур де Франс треба да биде возобновена следната година по 33-годишна пауза, потврди директорот на трката Кристијан Прудом за Гардијан. Таа ќе се одржи по машката трка.

„Ќе се случеше оваа година, да не беше пандемијата на Ковид-19, очигледно, и пред сè, ако Олимписките игри во Токио не беа по [машката] трката, така што најдобрите возачи можеби немаше да бидат достапни“, рече Прудом.

„Но, одлуката е донесена. Ќе се одржи женско Тур де Франс во 2022 година, која ќе следи набрзо по [машката] трката“.

Женското Тур де Франс се одржуваше од 1984 до 1989 година, а Прудом рече дека треба да се осигураат трката да не остане без пари за да има постојано место на календарот.

„Ако прави пари, тоа е одлично, но не смее да губи пари или ќе заврши како Трката во 80-тите и ќе замре“.

Прудом рече дека предизвик е да се организира трка што може да „живее 100 години“.