Поскапувања: Ценовно цунами во септември

Фирмите од прехранбената индустрија ги почнаа пресметките – по поскапување на електричната енергија, голем дек од компаниите ги почнаа пресметките за повисоки трошоци а некои бројат и загуби . Дел од фирмите од мелнико пекарската индустрија најавија повисоки цени за лебот. Можни поскапувања пресметуваат и компаниите од млечната и месната индустрија. Според економистите, ценовното цунами допрва доаѓа. Поскапувањата најмногу и најсилно ќе се почуствуваат на есен.

Поскапувања

Ценовно цунами во септември!

Поскапувањето на електричната енергија неминовно ќе повлече бран на поскапувања, особено на прехранбените производи. Јулскиот ценовен раст ќе кулминира во септември, кога се очекува пораст на цените за пет проценти, сметаат експертите.

„Поскапувањето на струјата ќе повлече и други поскапувања и тоа е логично бидејќи енергенсите се главен инпут во произвдството. Зголемените трошоци по основ на поскапата струја ќе ја зголемат цената на чинење на производството а со тоа и цената на крајниот производ. Овие поскапувања што почнаа во јули ќе кулминираат во септември, кога производите се вградени  импути, односно пресметани зголемени трошоци,  ќе се продаваат  по цени повисоки за 5%. Сега, овие неколку летни месеци производителите ги трошат залихите и можно е да не се почувствува тој бран, но веќе на есен производството ќе работи со нови трошоци кои ќе мора да бидат пресметани во крајниот производ “ – вели за „Порталб“ универзитетскиот професор Сами Бислими.

По поскапувањето на електричната енергија за близу 3,5%, некои од поголемите фирми од мелничко-пекарската индустрија најавија нови, повисоки цени за лебот. Според информациите од бизнис круговите, пресметки за поскапувања прават и фирмите од млечната и месната индустрија. Не е исклучена можноста по завршување на летната сезона месото, месните преработки, млекото и млечни производи од септември да се продаваат со повисоки цени. Критична станува и состојбата во транспортниот сектор, особено по последното поскапување на нафтените деривати за 2 денари по литар.

„Во транспортниот сектор кризата сеуште не е замината. Растот на трошоците притиска врз приходите, односно генерално транспортниот бизнис е сведен на минимална заработувачка или би рекла дури и загуба. Најчесто повратот на ДДВ, особено од патувањата во странство, е и заработувачката во бизнисот. Цените на горивата се зголемени не само во Македонија туку и во регионот и во Европа и секако дека тоа влијае врз рентабилноста на транспортниот сектор. Приходите завршуваат за подмирување на тековни раходи, многу малку пари остануваат за инвестиции. Во земјава сеуште 70% од возниот парк е во лоша состојба. Сега, и покрај новото поскапување на нафтените деривати, превозниците ќе се обидат да ги задржат постоечките цени за да ја задржат и одржат работата“ – вели Билјана  Муратовска од трaнспортното здружение „Макам-транс“.

Новиот министер за економија Беким Незири изјави дека Владата го следела трендот на поскапувања и досегашните мерки за помош на социјално ранливите категории на граѓани помогнале да се ублажат последиците по животниот стандард.

„Министерството за економија во континуитет ги следи сите случувања поврзани со поскапувњата и се обидуваме на директен или на индиректен начин да придонесеме тие поскапувања да бидат во рамки на тоа да може секој граѓанин да ги издржи. Во таа насока Владата во континуитет носи пакети на мерки за помош на социјално ранливите категории на граѓани“ – изјави министерот Незири.

Во меѓувреме, статистика во мај во однос на истиот месец лани, регистрираше  намалување на цените на мало за 0,8%. Но, според економистите треба да се земат во предвид сезонските цени на овошјето и на зеленчукот, кои во овој период од годината се намалуваат а со тоа придонесуваат врз намалување на вкупната стапка на животните трошоци. Податоците покажуваат дека во првите пет месеци од годинава најголемо зголемување на цените од 13,2% има за лековите и другите производи за здравје, сообраќајните услуги поскпаеле за 4,9%, здравствените услуги за 1,5%, потоа цената на преработеното млеко се зголемила за 4,6%, на млекото за 3,5% а на свежиот зеленчук цените се зголемиле за 2,9%.

Податоците покажуваат дека повеќе од две третини од месечните приходи завршуваат само за исхрана и за комуналии. Ако се анализира структурата на потрошувачката кошница за едно четири члено семејство, што ја објавува ССМ, во мај биле потребни скоро 32 200 денари за да се прежиевее месецот. Во однос истиот месец лани, трошоците се зголемиле за 1 500 денари, или за исти потреби и производи се потребни повеќе пари. Од вкупните месечни трошоци 42,22% завшуваат за исхрана, дури 31,81% за домување, односно комуналии и како трета највисока ставка е превозот со учество од 7,28%.

„Куповната моќ на населението е мала, ние имаме 400 илјади граѓани кои не можат да си дозволат да ги купат основните животни намирници, односно не можат да ги задоволат егзистенцијалните потреби. Ако направиме споредба на цените во Македонија во однос на европскиот просек, кај нас цените не се високи, но платите се мали.“ – вели професорот Бислими и додава:

„За да се почувствува подобрување на животниот стандард, економијата треба да расте со стапка од околу 6% и тоа неколку години по ред. Од друга страна, ниту едно стопанство не може да смета на одржлив раст без проширување на производството, односно без инвестиции а кај нас нето-инвестициите изнесуваат еден до два проценти од БДП а во некои периоди дури инвестициите без во минус. Точно е дека економијата испорача стапки на раст, но мора да ја видиме структурата на тој раст. Ние сега имаме состојба на раст во образованието, здравството и јавниот сектор, додека тој недостасува или е низок  во релниот сектор, кој треба да биде локомотива на економијата.“

Според последното мерење на европската статистика Еуростат, цените во Македонија изнесуваат 47% од европскиот просек, со што земјава се вбројува во групата со пониски потрошувачки цени во однос на економиите од регионот и од Европа. Но од друга страна, Македонија е и во групата на земји со најнизок стандард – само 35% од европскиот просек, што покажува дека цените во земјава се можеби ниски за просечниот европеец но превиски за стандардот на граѓанинте во Македонија.

Економската алализа ја направи порталот „Порталб“.