Алпскиот сечко е евидентиран како нов приоритетен вид на Малешевските планини, соопшти Министерството за животна средина.
Видот е евидентиран според Анекс II на Европската Директива на живеалишта, преку теренските истражувања координирани од партнерите во Програмата за зачувување на природата – фаза „Со грижа до бериќет“, на Министерството и Македонското еколошко друштво.
Покрај овој вид, од страна на експертите кои работат со сапроксилните инсекти најдени се и видовите „Morimus funereus“ и „Cucujus cinnaberinus“. Сите три вида за прв пат се евидентирани за овој регион.