Три нови книги за Хари Потер ќе бидат објавени наредниот месец

Џ.К. Роулинг напишала три колекции со приказни за Хари Потер, кои ќе бидат објавени во електронска верзија на 6 септември.

Секоја книга чини по 1,99 фунти, а ќе ги раскажат инспирациите за ликовите и местата споменати во светот од романите за Потер. Некои од нив се претходно објавени на Pottermore, веб страницата на Роулинг посветена на серијалот романи.

Првата книга е „Power, Politics and Pesky Poltergeists“, која дава „поглед во потемната страна на волшебничкиот свет“, како и приказната за затворот Азкабан. Ја раскажува животната приказна на професорката Долорес Амбриџ и пријателството меѓу Том Марволо Ридл и професорот за напивки Хорас Слагхорн.

Втората е „Heroism, Hardship and Dangerous Hobbies“. Во неа се раскажани приказните на херојските ликови како Ремус Лупин и Минерва МекГонагал, како и Сибил Трелони и Силанус Кетлбурн.

Последната книга, „Hogwarts: An Incomplete and Unreliable Guide“ ја раскажува историјата на училиштето кое го посетуваат Хари Потер, Рон Визли и Хермајони Грејнџер.

Книгите се достапни за нарачка. Не е најавено дека ќе има печатена верзија во продажба.