Тошковски: Трките со возила ќе се казнуваат како кривично дело, а ќе се одзема возило управувано без дозвола

Законските измени за безобѕирно управување на моторно возило, предвидуваат и одземање на возило. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за Канал 5 телевизија рече дека потребно ќе биде техничко усогласување, досега се преклопуваше прекршокот со кривичното дело поради тоа мора да се смени одредбата за безобзирно управување моторно возило, заради тоа што до сега едно исто дејствије беше и прекршок и кривично дело.

Тој вели дека сега се прави динстинкција врз основа на брзината и како безобѕирно управување на моторно возило – освен алкохол над 1,5 промили алкохол во крвта, психотропни супстанци, нарокотични стедства – ќе биде и зголемена брзина над 50 во град, над 70 надвор од град.

„Тогаш и да се направи и некоја незгода, од аспект да биде повреден некој пешак или да биде направена материјална штета, со самото тоа што возите, така каде што во град е дозволено 50, а вие возите 100, се смета дека сте сториле кривично дело“, посочи тој.

„Со самото тоа каде што е дозволено 120, а вие возите плус 70 на отворено се смета дека сте сториле кривично дело“, дополни Тошковски.

Министерот најавува дека и трките со возила ќе се казнуваат како кривично дело и за Тошкоски како што вели, најмотивирачкото е задолжителното одземање на моторни возила.

„Ако управувате моторно возило без возачка дозвола, а притоа тој што е сопственик на возилото вие е родител, брат, сестра инт. и го знае фактот дека го управувате возилото, возилото се одзема задолжително“, рече тој.

Тој што ќе управува возило без возачка дозвола, возилото ќе му биде одземено веднаш и враќање нема, вели министерот.

Оној кој што ќе управува моторно возило во рамки на утврдена забрана, значи дадена забрана и повторно уптравува, задолжително се одзема моторното возило.

Оној кој што е управува моторно визило со брзина драстична, ако на пример е дозволен 50, а тој вози 120 во град се одзема возилото трајно и добива кривична пријава.

„Нема ништо позначајно од човековиот живот“ нагласи Тошковски, додавајќи дека кога ќе знаат дека ќе му се одземи возилото трајно и ќе биде доделено на пример на дом на деца без родители, тогаш не верува дека така ќе возат како што се вози сега.

Тошковски нагласи и дека носењето на измените зависи и од усогласувањето со Законот за прекршоци.

На ваквите најави свој коментар даде и иницијативата НаТочак.

Активистите рекоа дека конечно има добри вести, ама жално е што треба да ни се случат трагедии за да се работи на превентива.

„Превентива во принцип треба да се работи цело време за да не се случат трагедии. Но се надеваме дека лекциите барем се учат! Најкрупните промени, подобрување на стандарди, дефинирање на казни, за жал историски најчесто се прават после трагедии, не само кај нас, туку и во светот. Така Холандија од земја каде секој ден се газеле деца по улиците станала една од топ 3 најбезбедни држави во однос на сообраќај во светот! Со протести и со промена на регулатива, па инфраструктура“, соопштија тие.

Кај нас протестите стивнаа, дополнуваат од НаТолак, но се надеваат дека политичарите се уште го осеќаат притисокот и одговорноста и дека овие промени ќе ги направат добро.

Во однос на бројките што ги објави министерот, сметаат дека има простор да се размисли и за намалување на овие определени вредности.

„90 km/h (+40km/h) на градски улици не е ли исто така безобѕирно? Но добро е што се работи на промените и ќе чекаме измените на законите за прекршоци и за кривична одговорност да бидат јавно објавени и отворени за коментари“, се вели во соопштението на НаТочак.