Торба во која американскиот астронаут Нил Армстронг ги собрал првите примероци од месечева прашина на нејзината површина, се продаде на аукција во Њујорк, за 1,8 милиони долари.
Материјалот вратен од Аполо 11 мисијата во 1969 година бил купен од аукциската куќа Sotheby’s од страна на анонимен продавач.
Велата торба се уште иам траги на прашина и содржи и мали камчиња.
Аукцијата се случи после подолга правна битка за сопствеништвото над единствениот артефакт од Аполо 11 мисијата, кој се наоѓаше во рацете на приватен сопственик.
Откако вселенското летало се врати на Земјата, речиси сета опрема беше испратена во музејот Смитсониан во Вашингтон.
Сепак, торбата била оставена во кутија во Џонсон Вселенскиот центар, поради грешка при складирање на инвентарот.
Потоа, била погрешно идентификувана за време на владина аукција и продадена за само 995$ на адвокат од Илиноис во 2015 година.
НАСА потоа се обидуваше да ја земе торбата назад, но на почетокот на годинава федерален судија одлучи дека легално му припаѓа на судијата, кој потоа ја понуди за продажба кај Sotheby’s.