Финска постојано се наоѓа на врвот на листите за родова еднаквост, но нивната премиерка, Сана Марин, оваа тема ја однесе чекор понапред одлучувајќи нејзината функција, на еден ден, да ја додели на 16-годишната Ава Мурто.
Мурто не креираше нови закони во средата, но во текот на денот оствари бројни средби со политичари со кои разговарала за правата на жените во технологијата.
Замената на премиерките се случила пред Меѓународниот ден на девојката на Обединетите Нации и е дел од глобална кампања на детска хуманитарна организација.
„Задоволство ми е што можам да зборувам овде денес, иако, на некој начин, посакувам да нема потреба да стојам овде. Дека кампањите како „девојките преземаат“ нема да бидат повеќе потребни. Сепак, вистината е дека уште немаме постигнато родова еднаквост – никаде на Планетата. Иако остваривме многу работи во оваа сфера, има уште многу што треба да се направи“, рече Мурдо.
Тинејџерката која активно се бори за климатските проблеми и теми околу човековите права денот го заокружила со средба со премиерката на Финска.
Aava Murto spoke about girls and technology.
On October 7th Prime Minister @MarinSanna‘s seat was occupied by 16-year-old Murto for one day, as a part of Girls Takeover event organised by @PlanGlobal. #GirlsTakeover
Full text of the speech 👇https://t.co/YlJX9ObyaV pic.twitter.com/cnJAxhixyy
— Finnish Government (@FinGovernment) October 7, 2020
Ова е четврта година како Финска учествува во проектот „преземање на девојките“ (Girl Takeover) кој овозможува тинејџери низ целиот свет да се стават во чевлите на лидерите во политиката и други сектори во општеството на еден ден.
Оваа година фокусот е на промоција на дигиталните вештини и технолошките можности за девојките, а слични „преземања“ се случија и во Кенија, Перу, Судан и Виетнам.
Минатата година Финска беше на третото место во извештајот за родовиот јаз на Светскиот економски форум, Сепак жените и понатаму остануваат далеку помалку застапени од мажите во технолошкиот сектор.