По неколку години пауза, „The Planktons“ се враќаат на сцената оваа година, која за нив е јубилејна, и тоа со концертна промоција на нивното најново издание „No Time for Surf“ – настан што ќе се случи вечерва (среда, 25 јуни) во кафе-книжарницата „Буква“.
Организаторите настанот посочуваат дека пред десет години „The Planktons“ го издаваат нивното прво EP „El Plancton“, потоа и нивниот прв албум насловен „Денес“.
„На 25 јуни во ‘Буква’ ќе можете да ги слушнете во живо овие дечки во нивниот најнов состав: Андреј Крстевски на бас гитара, Оливер Зрињи на гитара и Марко Трендафиловски зад тапаните. Ветуваат одлична, целовечерна журка!“, стои во најавата за настанот.