„Тетрис“ наскоро ќе стане филм

Првиот проект на новоформираната продуцентска куќа „Трешхол глобал студиос“ во Калифорнија е филмот кој се фокусира на познатата игра „Тетрис“. Ова е заеднички проект со кинескиот инвеститор Брун Ву и компанијата  „Севен стар вокс“.

За филмот, за кој се знае дека ќе биде научно-фантастичен трилер, ќе се вложат 80 милиони долари, а снимањето ќе започне следната година.

Студиото ќе прави „меѓукултурни филмови за светскиот пазар“, се наведува во соопштението на продуцентската куќа.

Продуцентот Лери Касаноф од „Трешхол глобал студиос“ додаде дека видеоиграта „Тетрис“ претставува „совршен прв проект за таа стратегија“. Првичните планови за филмот се тој да биде снимен во Кина и во него да глумат кинески актери.

Играта „Тетрис“, која се состои од сложување на блокови со различни облици, ја создаде рускиот научник Алексеј Пажитнов во 1984 година.