„Тетово на точак“ во голема предновогодишна еко – акција

„Тетово на точак“ во голема предновогодишна еко - акцијаНеформалната група „Критична маса – Тетово на точак“ тргна во голема предновогодишна еколошка акција. На 15 декември во 11 часот на Спортскиот Центар во Тетово сите заинтересирани ќе го креираат првиот пластичен точак во Македонија, изработен од пластични шишиња.

Секој што има вишок пластични шишиња, соопштија велосипедистите,  ќе може да ги донесе на денот на изработката на велосипедот.

Еден ден порано, на 14 декември „Критична маса“  со почеток во 14 часот во Тетово организира уште еден настан „Дедо мраз на точак“ кој ќе биде во духот на екологијата и новогодишните празници и има цел да го разбуди добротворниот дух кај граѓаните и надлежните институции за да им помогнат на децата со пречки во развојот и децата со посебни потреби.

За таа цел , од 7 до 11 декември се организираа две еколошки акции за собирање пластичен отпад на четири пунктови низ градот. Собраниот пластичен отпад ќе се даде на откуп, а со средствата ќе бидат купени новогодишни пакетчиња за децата на кои им се најпотребни.