TED настан во Скопје за автомобилите и иднината на транспортот

„76% од граѓаните во Америка се возат сами во автомобил. Вака некако изгледа и сликата за Скопје, еден од најзагадените градови во Европа“. Со оваа најава, на тема „Car Sharing: Иднината на транспортот“, во среда (20 септември), во 19 часот, во Скопје ќе се одржи новиот  TEDx настан,  TEDxSeptemvriskaSesijaSalon кој сите заинтересирани ќе може да го следат на интернет, преку директен видео стрим (TEDXSeptemvriskaSesijasalon).

Настанот е предводен од група волонтери, а се организира како поддршка на Европска недела на мобилност.

„Со темата „Car Sharing: Иднината на транспортот“ (Car Sharing: The future of transport) ќе зборуваме за мотивот позади споделувањето на возила како и воопшто причините зошто како општество се повеќе и повеќе сакаме да споделуваме. Исто така, ќе дискутираме и за успешните примери од странство и Македонија на темата, но и пошироко, за општественото и економското влијание од ваквите промени. Целта е да размениме мислења и знаење за процесите преку кои ваквите иновации може да станат подобри, односно како со помали трошоци до поголема ефикасност и одржливост преку имплементација на нови методи и технологии“, соопштија од TED заедницата во Македонија.

Поддржувачи на настанот се МЖСПП,  Прв до врвСкопје Лаб – Центар за иновации на Град СкопјеГрад Скопје, FINKI – Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство, Social Innovation Hub Skopje и SmartUp – Social Innovation Lab.