TED настан: Скопје 2022, урбано одржлив град – реалност или илузија?

Tретиот од низата од шест TED настани годинава во Скопје ќе се одржи на 13 април, во 19 часот, во просториите на ФИНКИ.

Третата „TEDxSeptemvriskaSesijaSalon“ е посветена на телата „Скопје 2022: Урбано одржлив град – реалност или илузија?“ Целта на настанот е да се зборува за модели на одржливи градови и успешни примери на решавање на проблемите на градовите во светот и како истите би можеле да се преточат во нашето поднебје. Ќе биде отворено и прашањето на вклучувањето на општеството и заедницата во процесот во изнаоѓање иновативни и креативни решенија кои би функционирале.

Настанот е независно организиран ТED настан и е лиценциран од страна на TED. Учеството е бесплатно, но бројот на учесници кои ќе бидат селектирани е ограничен на 25. Крајниот рок за аплицирање е 11 април, а за присуство на настанот, сите заинтересирани е потребно да пополнат апликационен формулар:  http://goo.gl/forms/ZJc0IXzsV9 .