Театарот за деца и младинци на фестивал во Крагуевац

Театарот за деца и младинци денеска ќе учествува на Интернационалниот фестивал „Јоакиминтерфест 2014“ во Крагуевац, Србија, со претставата „Нашиот клас“, која ќе ја изведе во Књажевско српско позориште.
Нашиот клас

„ Ова е првпат нашиот театар да биде селектиран на меѓународен фестивал кој не е профилиран како детски фестивал, со една младинска претстава во официјалната конкуренција за награди“, соопшти Театарот за деца и младинци.

„Нашиот клас“ е современа драма од полскиот автор Тадеуш Слобоѓанек.  Станува збор за младинска претстава, наменета за публика над 14-годишна возраст која ги третира полско-еврејските односи.