Театарот „Гавела“ од Загреб со „Крал Рикард III“ гостува во МНТ

На 22 јуни (петок) во 20:00 часот во Македонски народен театар ќе гостува театарот „Гавела“ од Загреб со претстава „Крал Рикард III“ од Вилијам Шекспир, во режија на Александар Поповски.

„’Гавела’ ја крена летвичката неверојатно високо и нема да биде лесно да и се парира…Тоа е Шекспир кој говори за нас. Поповски околу Ричард реди многу женски улоги, кралици, сите редум осквернети во крвавата борба за тронот. Бојана Грегориќ Вејзовиќ како кралицата Маргарета оствари една од своите најдобри улоги, а во чекор ја следат: Дијана Видушин, Славица Кнежевиќ и Мартина Чвек. (Бојана Радовиќ, Верчерњи лист)“, појаснуваат од МНТ.

Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ и чинат 600 денари. Претстават се игра во  рамките на годинешното издание на Скопско лето.