„Танц, политики, различности и простори“ во Кино Култура

Кореографски дела и дела во процес од млади кореографии и изведувачи од Македонија ќе бидат претставени во рамки на настанот „Танц, политики, различности и простори“, што денеска и утре ќе се одржи во Кино Култура во организација на Локомотива – Центарот за нови иницијативи во уметноста.

На дводневниот настан ќе се претстават кореографски дела и дела во процес од млади кореографи и изведувачи од Македонија од независната танцова сцена во Македонија.

Програма:

19:00 презентации на кореографски дела на Скопје Танцов Театар, Интерарт Културен Центар
19:30 „sensors“- работа во процес на Валентино Апостоловски
20:00 „MOONLIGHT“ работа во процес на Александар Георгиев и Дарио Барето Дамас

четврток, 26 април

10:30 Презентација на Кино Култура – простор за современи изведувачки уметности и современа култура, Виолета Качакова, Локомотива Скопје
11:00 Танцови простори, услови и моментална позиција на современиот танц во Македонија, Елена Ристеска, Локомотива Скопје
11:30- Политики во танцот, дискусија на ситуацијата на танцот во Македонија со студенти, изведувачки, кореографи, претставници од Министерство за култура, модерирана до Биљана Тануровска Ќулавковски, Локомотива Скопје

Настанот е во рамки, на програмските активности на Локомотива за креирање, развој и делување на професионалците во полето на современата култура и уметност.