„Тајм“: Највлијателните фотографии на сите времиња

Како се мери влијателноста на една фотографија?

Во изминативе три години, магазинот „Тајм“ соработуваше со куратори, историчари, фотографи низ целиот свет за да одговори на ова прашање и да направи листа од 100 највлијателни фотографии на сите времиња. Голем предизвик за Кира Полак и Пол Моаклеј од „Тајм“ било постојаното ажурирање на листата и одредувањето која фотографија има поголемо влијание.

„Недостигот од многу одлични фотографи на листата може да изненади, но ние сме подготвени за отворена дебата. Овој проект не се фокусира на влијанието кое фотографите го имаат врз историјата на медиумот, туку повеќе на тоа како тие влијаеле на историјата преку специфични фотографии. Овој проект се однесува на уникатната моќ со која фотографиите се уште можат да направат тие – некои од овие слики можат да бидат вознемирувачки по природа, но тие некако остануваат запечатени во вашиот мозок, потврдувајќи ја нивната моќ“, велат Полак и Моаклеј.

Колекцијата со стоте највлијателни фотографии е достапна во оналјн верзија и видео, а може да се набави и како книга. Целата листа може да се погледне на следниот ЛИНК.