СЗО: Вкупниот број на случаи од почетокот на пандемијата надмина 87,58 милиони

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека 799.712 нови случаи на коронавирус се потврдени во светот минатиот ден и дека вкупниот број случаи од почетокот на пандемијата надмина 87,58 милиони.

Според СЗО, повеќе од 15.400 луѓе починале од вирусот во изминатите 24 часа, а вкупно над 1,9 милиони луѓе починале од почетокот на пандемијата.

Најмногу заразени – повеќе од 55 проценти се во Северна и Јужна Америка, а потоа во Европа и Африка.

Во Македонија, вчера беа регистрирани 556 нови случаи на Ковид-19, починати се 22 лица, истовремено и 404 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86.150, бројката на оздравени пациенти е 67.164, на починати е 2.614, а бројот на активни случаи изнесува 16.372.