[СЗО] Разбивање на митови околу коронавирусот

Дали е безбедно да добиете пратка од Кина? Дали лукот помага против коронавирусот? Дали домашните миленичиња може да се заразат од коронавирус? Светската здравствена организација на својот сајт објави 13 митови поврзани со коронавирусот. Станува збор за најчести заблуди oколу новиот коронавирус.

Во продолжение, прочитајте ги советите и информирајте се за коронавирусот, од кој засега во С. Македонија боледува една личност.

Дали сушачите за раце можат да го убијат коронавирусот?

Не. Машинските сушачи на раце не се ефективни за да го убијат овој вирус. За да се заштитите себеси од новиот коронавирус, треба често да ги миете вашите раце со средства на база на алкохол или да ги миете со сапун и вода. Откако вашите раце се исчистени, треба да ги сушите со хартиени марамчиња или на машини со топол воздух.

Дали ултравиолетовите лампи за дезинфекција се ефикасни против коронавирусот?

Ултравиолетовите ламби не треба да се користат за стерилизирање на рацете или други делови од телото бидејќи можат да предизвикаат иритација на кожата.

Колку се ефективни термалните скенери во детектирање на луѓе инфицирани со коронавирусот?

Термалните скенери се ефективни во детектирање на луѓе кои имаат покачена температура поради инфицирање со коронавирусот. Но за жал, тие не можат да ги детектираат луѓето кои се инфицирани, но сѐ уште немаат температура. Потребни се помеѓу 2 и 10 дена за луѓето кои се инфицирани од коронавирусот да имаат покачена температура.

Дали прскањето со алкохол и хлор по вашето тело може да го убие коронавирусот?

Не. Прскањето на тие супстанци може да биде штетно за очите и устата, како и за вашата облека. Бидете свесни дека и алкохолот и хлорот се често употребувани средства за дезинфекција на одредени површини, но тие треба да се користат во согласност со препораките.

Дали е безбедно да добиете пратка од Кина?

Да, безбедно е. Луѓето кои добиваат пратки од Кина не се во опасност од префаќање на вирусот. Од претходните анализи, знаеме дека коронавирусот не може долго да преживее на предмети, односно писма и пакети.

Дали домашните миленичиња може да го рашират новиот вирус?

Засега, не постојат докази дека придружните миленичиња, односно мачките и кучињата можат да се заразат од коронавирусот. Сепак, секогаш е добра идеја да ги измиете вашите раце по контактот со нив. Ова ќе ве заштити од различни бактерии како салмонела или Е. коли, кои се пренесуваат од животните на луѓето.

Дали вакцините против пневмонија помагаат против коронавирусот?

Не. Вакцините против пневмонија, како пневмококна вакцина или Хемофилус инфлуенца тип Б вакцината, не нудат заштита против новиот коронавирус. Вирусот е нов и различен, па за него е потребна нова вакцина. Научниците се трудат да создадат вакцина против коронавирусот и СЗО го поддржува нивниот труд. Иако горенаведените вакцини не се ефективни против 2019-nCoV, вакцинацијата против респираторните болести се препорачува за да го заштитите вашето здравје.

Дали плакнење на носот со биолошки раствор ќе ви помогне против коронавирусот?

Не. Сѐ уште не постои доказ дека постојаното плакнење на носот со биолошки раствор (солена вода) може да би помогне против инфекција со коронавирусот. Постои ограничено знаење дека постојаното плакнење со физиолошки раствор може да помогне при обична настинка. Но сепак, постојаното плакнење на носот не помага при превенција против респираторни инфекции.

Дали јадењето на лук може да ја превентира инфекцијата од коронавирусот?

Лукот е здрава храна која можеби содржи некакви антимикробни својства. Сепак, засега не постои доказ дека јадењето на лук помогнало луѓето да не се заразат со коронавирус.

Дали маслото од сусам може да ја превентира инфекцијата од коронавирусот?

Не. Маслото од сусам не го убива коронавирусот. Постојат средства за дезинфекција кои можат да го уништат присуството на коронавирусот на (работни) површини. Ова најчесто се средства за дезинфекција со база од хлор/киселина, растворувачи, 75% етанол, перцетна киселина и хлороформ. Но сепак, тие имаат мало или незначајно влијание врз вирусот и се исклучително опасни ако ги употребувате на вашата кожа.

Дали коронавирусот е опасен за постарите граѓани, или подложна е и помладата генерација?

Луѓето од сите возрасти можат да се заразат од новиот коронавирус. Постарите граѓани и луѓето со претходни медицински дијагнози (како астма, дијабетес, срцеви заболувања) се поизложени од ризично заболување од коронавирусот. СЗО ги советува луѓето од сите возрасти да преземат мерки за заштита од вирусот, како миење на рацете и одржување хигиена на носот.

Дали антибиотиците се ефективни во превенцијата против новиот коронавирус?

Не, антибиотиците не се ефикасни против вируси, тие се ефикасни против бактериски инфекции. Коронавирусот е вирус, а не бактерија, па оттаму антибиотиците не треба да се употребуваат превентивно или како терапија за коронавирусот. Сепак, доколку ве хоспитализираат поради дијагностициран коронавирус, можеби ќе ви препишат антибиотска терапија бидејќи е можно присуство на бактериска ко-инфекција.

Дали постојат конкретни лекови за превенција или третирање на коронавирусот?

Засега, не постои конкретен лек кој се користи за да се превентира или лекува коронавирусот. Оние кои се дијагностицирани со 2019-nCoV треба да добијат соодветна нега за намалување и третирање на симптомите, а оние со ризично заболување треба да добијат згрижување. Постојат конкретни третмани кои сѐ уште се тестираат преку клинички испитувања.

Извор: Светска здравствена организација