Ковид-19 коронавирусот, кој се прошири низ целиот свет е прогласен за пандемија, соопшти денес Светската здравствена организација. Сега има над 118.000 случаи на заразени, во 114 земји низ целиот свет.
СЗО го класифицираше новиот коронавирус како глобален здравствен итен случај на 30 јануари, но досега избегнуваа да ја нарекуваат оваа појава како пандемија поради загриженоста дека тоа ќе предизвика непотребна дополнителна паника.
Шефот на СЗО, Тедрос Аданом, рече дека бројот на случаи надвор од Кина се зголемил за 13 пати во текот на изминатите две недели.
Media briefing on #COVID19 with @DrTedros. #coronavirus https://t.co/aPFXT3ex5y
— World Health Organization (WHO) (@WHO) March 11, 2020
Тој рече дека е „длабоко загрижен“ од „алармантните нивоа на неактивност“ околу вирусот.
Пандемијата е болест која се шири во повеќе земји низ целиот свет во исто време.
Сепак, Тедрос истакна дека сè уште не е премногу доцна за владите да имаат влијание.
„Сите земји можат да го променат текот на оваа пандемија“, рече тој.
„Ние сме во тоа заедно да ги направиме вистинските работи со смиреност и да ги заштитиме граѓаните на светот. Тоа може да се направи“, рече тој.
Последниот пат кога СЗО прогласи пандемија беше за време на ширењето на Х1Н1 во 2009 година, кога се зарази скоро една четвртина од светското население. Сепак, таа одлука беше критикувана за создавање непотребна паника. САРС не се сметаше за пандемија, и покрај тоа што влијаеше врз луѓето во 26 земји, а ниту МЕРС.
Во Северна Македонија денеска беа потврдени два нови случаи на коронавирус, со што бројката на заразени се искачи на 9 лица.