Светлосно шоу со дронови во Јужна Кореја со пораки против коронавирусот  

Стотици дронови го осветлија ноќното небо над Сеул, главниот град на Јужна Кореја, каде преку спектакуларното светлосно шоу беа упатени пораки за подигнување на свеста за борбата против пандемијата, објави Алџазира.

Триста беспилотни летала беа програмирани да формираат светлосни слики над реката Хан, прикажувајќи пораки за мерки за претпазливост, вклучувајќи носење маска, миење раце и одржување физичка дистанца.

Десетминутното шоу вклучи и пораки со благодарност за медицинскиот персонал како прва линија на отпор против пандемијата, но и благодарност до сите јужнокорејци и колективните напори.

„Благодарност“ – напишаа дроновите на небото заедно со форма на срце, пред да формираат и силуета на Корејскиот Полуостров со пораката: „Радувај се Република Кореја“.