Студирањето е целосно бесплатно во многу земји на ЕУ

Сараевската секција на невладината организација Erasmus Student Network (ESN) во БиХ им се обрати на медиумите, инспирирана од иницијативата на Универзитетот„Senat“ во Сараево да ги зголеми школарините, ставајќи ги во фокус цените на школарините на европските универзитети, каде образованието е потполно или речиси бесплатно, пишува Радио Сараево.

Студирањето е целосно бесплатно во многу земји на ЕУ

„Си дадовме за право да ги споредиме цените на студиите на Универзитетот во Сараево со цените на студиите во некои од земјите членки на Европската Унија. Информациите кои ги пренесуваме не се информации од интернет форуми, веб страници, новинарски текстови и слично. Се работи за податоци кои ги добивме од прва рака: од интернационалните студенти  кои благодарение на Erazmus Mundus програмата студираат на UNSA, и од младите Босанци кои моментално се дел од студентската размена на некои од реномираните европски универзитети.

Bachelor и Master студиите во Република Чешка се целосно бесплатни, додека за докторските студии се доплаќа зависно од одбраните студии, а тоа е случај и во многу други земји во ЕУ. Најскапи се техничките и биомедицинските науки, поради трошењето на материјалот и суровините потребни за истражувањата.

Школарината во Шведска исто така изнесува 0 евра! Она што се наведува како единствен трошок се средствата за книги, прибор за работа и слично, што студентите и не го сметаат како трошок, туку како инвестиција во себе и своето знаење.

Словенија исто така нуди бесплатно школување на домашните студенти, а од минатата година и за студентите од Босна и Херцеговина. Кога станува збор за Полска, студентите кои на приемниот испит ќе освојат одреден број на бодови, се ослободени од плаќање, додека другите си го плаќаат своето студирање во зависност од одбраниот факултет.

Во Австрија, студентите на ЕУ не плаќаат за своето студирање, туку само додаток од 18 евра со кој се финансира работата на студентската унија. Државјаните на БиХ од 2013 година се должни да плаќаат школарина.

Износот на школарината варира од 380 евра (Univerzitet Beč) до 740 евра по семестар во групите на техничките, економските, био-медицинските и уметничките насоки.

Ситуацијата на германските универзитети е посебно интересна. На универзитетите во 15 од 16 германски сојузни држави (исклучок е покраината Niedersachsenu) школарината изнесува 0 евра.Од следната академска година школарината и во оваа покраина ќе биде укината, а сега изнесува 500 евра.

Тоа што студентите на почеток на семестарот го плаќаат се семестрална карта за градски сообраќај (184,40€ ), додаток за студентската унија Studentwerk (48,77€), студентски парламент (7,50€) и (1,20€) за финансирање на канцеларијата за издавање на превозните карти.

Значи вкупно 241,88 евра, кои немаат врска со школарината.  Ова плаќање може да се спореди со трошоците кои студентите во Сараево го плаќаат на GRAS, SPUS и сличните на нив. Ниту едно евро од овие пари не оди за финансирање на самиот факултет, што е многу важно да се нагласи.

Студентите кои се запишуваат на факултетот дури добиваат и 50 евра за добредојде од управата на универзитетот. Наведените цифри претставуваат цени на „Freie“ Универзитетот во Берлин, еден од 60-те Erasmus Student Network најдобри универзитети во светот. Цените на другите државни универзитети во Германија се приближно исти со наведените.

Со ова сакаме да пренесеме силна порака до нашите колешки и колеги на европските универзитети, каде знаењето не се смета за роба, студентите за клиенти, а деканите на факултетите за пилоти. Исто така го повикуваме Универзитетот„Senat“ во Сараево да се преиспита и да ја ревидира својата предлог одлука за покачување на школарината, а Владата на Кантонот Сараево да се зафати со решавањето на финансиските проблеми на најстариот и најголемиот универзитет во БиХ. Сметаме дека не бараме премногу“, стои во соопштението на Сараевскиот ESN, пренесе Радио Сараево.

Извор: Радио Сараево

Превод: И.Ч.