Студентите од „Гоце Делчев“ тежат половина милион евра годишно – Министерството не знае како се трошат овие пари?

Иако Владата најави дека овој студентски дом ќе се реновира, студентите кои постигнаа светска „слава“ кога фотографиите од условите во кои живеат го обиколија светот, од оваа есен подготвуваат поширока акција за студентските права. Околу 60.000 евра месечно, или повеќе од половина милион евра годишно – толку пари се добиваат од најголемиот студентски дом „Гоце Делчев“ во Скопје, ако се помножи бројот на легла (1.216) со заокружена цена од 3.000 денари месечно, колку што за храна и сместување плаќа секој студент примен во овој дом, анализира Макфакс.

студентскиот „Гоце Делчев“

Како и за што се трошат овие пари?

Според Законот за студентски стандард, („Службен весник на Република Македонија“ бр. 15/2013 и 120/2013), обврските на Државниот студентски дом односно на неговиот Управен одбор, меѓу другото се – да донесе годишен финансиски план за тоа како ќе се трошат парите за наредната година, а Извештајот за работата во претходната година да го достави до Министерството најдоцна до 31 јануари во тековната година (член 35 од законот).

Согласно Законот за пристап до информации, од Макфакс побарале од Министерството да го достави на увид финансискиот план за последните две години. По еден месец чекање, добиен е одговор „Финансиските извештаи за студентските домови од минатите три години се доставени до одговорните лица во Заводот за ревизија, па затоа не сме во можност да ви ги доставиме“. Од Заводот за ревизија пак биле известени дека и покрај тоа, надлежното Министерство мора да ги има овие извештаи.

Целата сторија прочитајте ја на Макфакс.