Студенти на ФЕИТ освоија прва награда на меѓународен студентски натпревар

Тим студенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) освои прва награда и златен пехар на меѓународниот студентски натпревар „Robo TEC“ организиран од Политехничкиот универзитет во Темишвар, Романија од 10 до 14. април оваа година.

Студенти на ФЕИТ освоија прва награда на меѓународен студентски натпревар

Александар Лазаров и Мартин Стојановски, студенти на насоката ЕРПС при Институтот за електроника на ФЕИТ, ја примија наградата од претседателот на стручното жири професорот Хуберт Рот од Универзитетот во Сиген, Германија.

На натпреварот учествуваа околу 300 студенти и 21 екипа во четири дисциплини. Освен тимот на ФЕИТ, на натпреварот учествуваа екипи од пет романски универзитети, од Темишвар, Ореада, Хунедоара, Решица и Клуж-Напока.