Студент нелегално стримал филм на Фејсбук

Студент во Илиноис одлучи да го искористи својот мобилен телефон за да направи стрим на Фејсбук од филмот кој во моментот се прикажувал во киното.

Ова е една од проблематичните работи поврзани со „Фејсбук лајф“, апликација која им дозволува на корисниците на социјалната мрежа да го искористат својот мобилен телефон за да стримаат на својот времеплов.

Пријавата за приведениот студент пристигнала од BlueSky Cinemas, кино кое е специјализирано за индиски филмови. Според нивната веб-страница, студентот, чие име не е објавено јавно, студира на Универзитетот Валпаризо и бил уапсен откако почнал да стрима сцени од романтичниот филм „ А Аа“.

Но, Грегори Назука од полицискиот оддел во Роузмонт, Илиноис, тврди дека киното никогаш не повикало полиција и не се случило апсење. Според командирот, сопственикот на кинотот онлајн пополнил пријава.

Проблемот со оваа апликација е тоа што речиси секој кој посетува настани сега носи со себе уред за стримање во своите џебови. Откако се појави „Перископ“ на Твитер, се попоуларна станува алатката „Фејсбук лајф“.Организаторите на настаните отсега ќе треба да смислат нови правила за користење на мобилните, со оглед на тоа дека повеќето посетители ќе ги користат своите мобилни уреди за целосно легални намери.