[Став] Очилата во галеријата не се само уметност – тие се дело на гениј

Во ера кога е суптилна разликата меѓу она што е уметност и она што не е, Кевин Нгијен и Т.ЏКајатан создадоа трансформативно ремек-дело.

Тоа е зачудувачки емотивна слика на ранливоста. Ништо не зборува повеќе за слабоста на човечкото тело како помошните средства со кои се трудиме да ги излечиме нашите недостатоци. Токму затоа, со оставање на пар очила на под на галерија, само центриметри подалеку од празниот бел ѕид, насочени нанадвор како да гледаат кон стапалата на посетителите, повикувајќи ги да се наведнат и да комуницираат, или барем да направат фотографија, уметничкото дуо Кевин Нгијен и Т.Џ. Кајатан создадоа современо ремек-дело.

Ако не сте слушнале за Нгијен и Кајатан, не е затоа што не се на потесната листа за Тарнер наградата. Тоа е затоа што досега нивните инвенции во јавниот простор биле толку ретки и игнорирани од мејнстрим медиумите. Топче од гума за џвакање кое полека се суши под автобуско седиште. Парче хартија стуткано во топка и фрлено во кошница за весници. Серија отпечатоци од стапала во снегот кои водат од едно место на друго.

Дело број 13561: „Пар очила на подот“ е над овие храбри гестови бидејќи е всушност сместено во уметничка галерија, па сите сфаќаат дека мора да е уметност. Така сега изгледа генијалното. Живееме во момент кога разликата меѓу уметност и она што не е уметност е толку мала и суптилна, што местото каде нешто е поставено го променува од предмет во концепт, во идеја, пар очила од 20 долари во уметничко ремек-дело од милион долари.

На вашето лице или на моето, би биле само очила. Или не? Преку покажување дека она што личи на пар очила може во реалноста да биде уметност, Нгијен и Кајатан не направија свесни дека животот и уметноста не се толку различни. Тоа е нов начин да се види самиот свет – буквално, преку пар очила.

Кога гледам преку, или во тие очила, не можам да престанам да мислам на скулптурата на Џаспер Џоунс, „Критичарот гледа“. Во 1964 година, Џоунс направи метален релјеф од пар очила зад кои не гледаме очи, туку две усти кои зборуваат. Критичарот гледа со својата уста: за она за што не можеме да зборуваме мора да останеме тивки, според Витгенстајн, освен ако не сме критичари.

Нгијен и Кајатан се многу подобри уметници од Џоунс. Иако тој со многу труд „направи“ пар очила, како некој опсесивен средновековен занаетчија, тие направија огромен Дучамписки скок со инстантна едноставност. Овие очила се само очила, немаат различна форма од било кој друг пар. Што ги прави уметност, тогаш? Што се ставени на подот? Не, не може да биде тоа, постојат многу уметнички дела кои не се на под. Таванот на Сикстинската капела, на пример – иако во споредба со овој сосема непретенциозен гест годините кои Микеланџело ги поминал покривајќи се со боја висејќи од таванот, се чинат како залудно потрошени.

Вистината е дека ништо не го прави овој секојдневен предмет уметност, освен нашата одлука да го наречеме уметност. Овој акт на ненадејна трансформација е невозможно да се објасни, едноставно треба да го почувствувате. Го добивам истиот, речиси мистичен смисол за метаморфоза од овие очила, како што добивам од креветот на Емил или писоарот на Дучамп. Ова е готов производ во својата наједноставна и највисока форма.

Можеби сè започнува од сликата на Франсиско де Зурбаран, „Чаша вода и роза“, насликана околу 1630 година. За Зурбаран, целата чистина на чашата е спиритуелна метафора. Пар очила на подот ја има истата чистина и провидност (транспарентноста на леќите, во контраст со црнилото на рамката). Секако, Зурбаран внимателно ја насликал чашата со сета вештина која ја научил во сликарско ателје во Севилја, а Нгијен и Кајатан само ставија пар очила на подот. Но, таму нè доведоа 400 години уметнички развој.

Сè ќе беше кажано ако едноставно ставеле чаша вода на земјата. Но не го направија тоа. Зошто? Бидејќи избраа да стават пар очила на подот наместо тоа. Пар очила, кои не може да се одбегне да се поврзат со гледањето.

И станува уште поинтимно од тоа. Бидејќи ова е исто така парче на перформанс-уметност. Кевин Нгијен и Т.Џ. Кајатан се чинеле како обични тинејџери во посета на Музејот на современа уметност на Сан Франциско. Потоа, според нивниот Твитер, „Кајатан ги ставил очилата на Нгијен на земјата“.

Нгијен ја споделил својата човечка слабост со нас во овој храбар перформанс. Тие очила му требале за да гледа. Во акт на уметничко самопожртвување кој може да се спореди со отсекувањето на увото на Ван Гог, тој ни го даде својот вид на нас. Сега не може ни да го прочита ова. И јас самиот едвај го читам преку солзите кога размислувам за тоа колку е огромно ова уметничко ремек-дело.

Бидејќи ова е најголемото уметничко дело. Мислам на крајното. Тоа е потребниот крај на една уметничка еволуција која започнала пред 30000 години, кога уметниците од леденото доба насликале животни во пештерата Шовет. Секако, тие немале очила. Затоа коњите кои ги насликале во пештерата се размачкани еден до друг.

Оттогаш, уметноста е за гледање, неуспех при гледањето, и потоа гледање подобро. Сè до денес. Видете го ова, велат овие тинејџери генијалци. Одете, погледнете од поблизу. Уште поблизу.

Направи да гледате.

Ние гледаме и се смееме истовремено.

Џонатан Џоунс за Guardian