Стана достапен фонтот Уго Чавез

Поддржувачите на големиот социјалистички лидер на Венецуела, Уго Чавез,  кој почина лани во март, открија уште еден нов начин за да го одржат сеќавањето за него  – фонт за пишување во „Ел Команданте” стил.

Стана достапен фонтот Уго Чавез

Карактеристичниот Чавез фонт беше лансиран во понеделникот од страна на група на млади „анти-империјалисти” за да се совпаѓа со национално одбележување на 60-годишнината од неговото раѓање.

Болдираниот фонт стана познат за Венецуелците откако Чавез поминуваше часови на националната телевизија во пишување и цртање на табли и хартии за да ги објасни политиките, да се развијат идеи и потпишат договори.

Неговиот потпис, кој е во црвено во знакот на социјалистите може да се најде на маици, безбол капи но и на ѕидовите на голем број згради во Венецуела.

Новиот фонт може да се симне бесплатно од веб-страницата на “Creative Trench” групата.

Извор: telegraph.co.uk