ССНМ: Бесплатна телефонска линија за помош при напад на новинари и медиумски работници

Новинарите и медиумските работници во текот на изборниот процес често се соочуваат со проблеми и пречки при извршувањето на своите работни задачи.

Оттука, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) потсетува дека е отворена бесплатна линија за помош при напад врз новинари и медиумски работници.

„Доколку се соочите со какви било закани, вербални или физички напади, заплашувања, онлајн вознемирување, родово насилство, уцени и друго загрозување на безбедноста при извршување на новинарски задачи пријавете го инцидентот на 0800 11 011 и побарајте помош и поддршка“, соопштуваат од ССНМ.

Линијата за помош при напад на новинари и медиумски работници е проект за подобрување на безбедноста на новинарите спроведуван од ССНМ во партнерство со ОБСЕ.