„Не е лесно да си кул во маало, ама на добар пат сме“, велат од уметничкиот колектив „Пирка.авх“, посакувајќи среќни празници од соседите на улицата „Божиќна“ бр.20/21.
По иницијатива на Стефан Александар Јовановски и колективот „Пирка“ кој презентира различни видови на уметност на уникатно избрани локации преку аудиовизуелната уметност, изработена беше онлајн божиќна честитка.
Видеото е снимено во скопската населба Автокоманда, а во него учествувале сите соседи од зградата.
По режија и сценарио на Влатко Владимиров, во видеото играат Тео, Саша и станарите од „најбожиќната“ зграда во Скопје.
„Празнувај со другите на свој начин. Овој Божиќ, нека целиот град биде твое пошироко семејство“, порачуваат од „Пирка“.
За камерата одговорни се Тео Ангеловски, Марко Марјановиќ и Борис Ралев. Музиката е на Антоние Весковски. За осветлувањето одговорен е Мартин Димитријев.
Во продолжение погледнете ја божиќната честитка.