Средношколците и родителите ќе одат на предања за штетноста на алкохолот, цигарите и дрогата

Средношколците и родителите ќе одат на предања за штетноста на алкохолот, цигарите и дрогатаОколу 26.000 средношколци од 27 училишта од Градот Скопје од следната недела ќе бидат опфатени со превентивниот проект на министерствата за здравство, за образование и наука и Градот Скопје кој опфаќа интерактивни едукативни предања за штетноста на алкохолот, пушењето и дрогата. Во второто полугодие проектот ќе се спроведува и во другите градови во земјата.

За почеток со проектот ќе бидат опфатени средношколците во прва и втора година, а потоа и оние од трета и четврта, осмооделенците и на крај родителите. Проектот ќе почне са се спроведува во текот на идната седмица во Скопје, а во второто полугодие ќе се прошири во целата држава.

Како што информираше министерот за здравство Никола Тодоров, предавањата ќе бидат интерактивни ќе се одржуваат на првиот и вториот час. Родителите нема да бидат обврзани да присуствуваат на предавањата, но и на нив ќе им бидат презентирани негативните последици од  трите пороци.

„Тие ќе можат рано и брзо да ги препознаат симптомите од користењето на алкохол, цигари и дрога“, истакна Тодоров.

Целта на проектот е да се намали бројот на оние што конзумираат алкохол и цигари и користат дрога. Со оваа едукација ќе бидат опфатени и директорите на средните училишта.Предавањата ќе бидат на македонски и на албански јазик.